Вашингтон/Москва: Продолжува размената на остри зборови меѓу Русија и Соединетите Држави

Вашингтон и Москва, продолжуваат со размената на остри зборови, коментираат агенциите. Американскиот потпретседател Дик Чејни ја обвини Москва дека се враќа кон старата тактика на застрашување и употреба на ,,брутална сила“. Зборувајќи во Италија, последна станица од неговата турнеја во чии рамки претходно ги посети, Азербеџан, Грузија и Украина, Чејни рече и дека проширувањето на НАТО ќе продолжи без разлика на негодувањата на Москва. Претходно, рускиот претседател Димитриј Медведев испрати обвинувања на сметка на Вашингтон, дека под изговор за доставување на хуманитарна помош продолжува со вооружувањето на Грузија.