Исламабад: Гласање за избор на претседател во парламентот на Пакистан

Во дво-домниот Парламент на Пакистан и во 4 регионални парламенти заврши гласањето за Претседател на државата и во тек е пребројувањето на гласовите. Претседателот Первез Мушараф поднесе оставка на 18 август по заканата за импичмент од владеачката коалиција водена од партијата на убиената Беназир Буто. Нејзиниот маж и лидер на Народната Партија Асиф Али Зардари ги има сите изгледи за победа.