Њујорк: Цената на нафтата на најниско ниво во последните пет месеци

Цената на нафтата на Њујоршката берза синоќа падна на најниското ниво за пет месеци од околу 106 долари за барел. Тоа се објаснува со скокот на стапката на невработеност во Соединетите Држави што значи помала куповна моќ и помала побарувачка на горивото.