Ереван: Абдула Ѓул прв турски државник во посета на Ерменија

Претседателот Абдула Ѓул ке биде прв турски државник кој ке ја посети Ерменија. Ѓул во сабота на покана на својот колега Серг Саркисијан ќе го гледа фудбалскиот меч Ерменија – Турција за кфалификациите за Светско Првенство. Посета на Ѓул на Ереван е клучен чекор за надминување на речиси сто годишниот анимозитет поради масакрот на ерменците од Отоманската Империја. Според Ерменија, над милион и пол луѓе се убиени во организирани масакри за време на Првата Светската Војна кога и се распадна Отоманската имприја.