Вашингтон: Џон Мек Кејн подготвен да биде следен американски претседател, изјави Буш

Џон Меккејн е подготвен да биде следен американски претседател, изјави претседателот на САД Џорџ Буш во обраќањето до Националната конвенција на Републиканската партија што се одржува во Минесота. Тој истакна дека Меккејн знае како да ја заштити Америка од терористички напади. Обраќањето на Буш беше преку сателитска видео врска од Белата куќа, поради најновата ситуација предизвикана од ураганот Густав. Се очекува Меккејн утре и официјално да биде назначен за кандидат на Републиканците на претседателските избори во ноември, кога ќе се соочи со демократот Барак Обама.