Никозија: Лидерите на кипарските Грци и Турци на директни преговори за обединување

Лидерите на кипарските Грци и Турци Димитрис Христофјас и Мехмет Али Талат денеска почнуваат директни преговори за обединување на поделениот остров. На средбата, која ќе се одржи на таканаречена ничија земја на некогашен аеродром во главниот град Никозија, ќе присуствува и поранешниот австралиски министер за надворешни работи Александер Даунер, кој во јули беше поставен за специјален известувач на ОН за Кипар. Островот е поделен од турската инвазија во 1974 година, предизвикана од краткото востание на кипарските Грци, а главниот спор се води околу непризнавањето на отцепениот северен Кипар.