Кабул: НАТО и американските сили демантираат вмешаност во инцидентот во кој загинаа цивили

НАТО и американските сили во Авганистан демантираа каква било вмешаност во инцидентот во Кабул, во кој загинаа 4-ца цивили. Стотици авганистанци протестираа поради убиството на две момчиња и еден маж и жена, а за инцидентот ги обвинија меѓународните војници.