Брисел: В четврток владина делегација на разговори со еврокомесарите Рен и Баросо

Вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во четврток ќе отпатуваат во Брисел на средби со еврокомесарите Оли Рен и Жозе Мануел Баросо на кои ке известат за прогресот во сферата на евроинтеграциите и визната либерализација. Тие ке ја престават и новата владина програма за работа и натамошниот тек на евроинтегративните процеси, изјави денеска вицепремиерот Боцевски.