Техеран: Боливискиот претседател Моралес на разговори со иранските власти

Боливискиот претседател Ево Моралес денеска пристигна во Техеран на разговори за ирански инвестиции во Боливија. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат лани вети милијарда долари помош за оваа латино американска земја. Боливиската левичарска влада е една од неколкуте латино американски влади кои ги одбруваат односите со Иран поради што се во спор со Соединетите Држави.