Либија: Италија ќе инвестира пет милијарди долари во Либија во следните 25 години

Италјанскиот премиер Силвио Берлускони денеска објави дека Италија ќе инвестира пет милијарди долари во следните 25 години во Либија. Парите главно ќе бидат наменети за проекти за инфраструктурата, а доаѓаат како оштета затоа што Либија беше италјанска колонија од 1911 до 1947 година. Берлускони е во официјална посета на Либија и ќе има средба со либискиот водач Муамар Гадафи.