Скопје: Градоначалникот на Гази Баба Коце Трајановски избран за претседател на ЗЕЛС

Градоначалникот на Гази Баба Коце Трајановски денеска е избран за нов претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа. Трајанопвски доаѓа на местото на Андреј Петров кој стана пратеник. За потпретседател на ЗЕЛС повторно е избран градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта. Втор потпретседател отсега ќе биде Љубомир Јанев, градоначалник на Кочани.