Скопје: Индустриското производство во Македонија 14,7 насто повисоко од лани

Индустриското производство во Македонија во јули годинава е поголемо за 14,7 насто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на индустриското производство за 9,8 проценти е регистрирано и во периодот јануари - јули 2008 во споредба со првите седум месеци минатата година.