Вашингтон: Американската економија порасна за 3,3 насто во вториот квартал

Силниот извоз и потрошувачката подржана со стимулативни мерки на државата доведоа до раст на американската економија во вториот квартал за 3,3 насто. Неочекувано добрите резултати даваат нова тежина на тврдењето дека стопанството на Соединетите Држави може да го избегне падот како резултат на кризата во стамбениот сектор. Новите показатели и поефтинувањето на нафтата придонесоа за скок на акциите на Вол Стрит и на вредноста на доларот. Аналитичарите сепак стравуваат дека извозот и потрошувачката ке подзапрат во втората половина на годината кога ке престане и подршката на трошењето низ даночните олеснувања а силниот долар ке стане пречка за извозот.