Либија: Киднаперите на суданскиот авион ги ослободија сите патници, но не и екипажот

Киднаперите на суданскиот патнички авион, кој беше принуден да слета во Либија, ги ослободиле сите патници, но не и екипажот, соопштија либиските власти. Авионот, со околу 100 патници и членови на екипажот, кој летал од Дарфур до главниот град на Судан, Картум, беше киднапиран вчера, а слета во либијското место Куфра. Според некои информации, киднаперите барале гориво за да продолжат кон Париз.