Приштина: Новиот командант на НАТО силите во Косово в петок ќе ја преземе должноста

Новиот командант на силите на НАТО во Косово - КФОР, италијанскот генерал Џузепе Емилио Гај ќе ја преземе должноста в петок, соопшти главната команда на КФОР. Гај ќе ја преземе должноста од досегашниот командант на КФОР Кавиер де Марнак, а на церемонијата ќе присуствува и командантот на задружените сили на НАТО во Неапол, американскиот адмирал Марк Фицџералд. Новиот командант на КФОР ќе има мандат од една година.