Тбилиси: САД ќе достават хуманитарна помош за Грузија

Американската амбасада во Тбилиси соопшти дека два американски воени брода ќе достават хуманитарна помош во грузиското црно морско пристаниште Поти каде што патролираат руските трупи. Бродивите треба да пристигнат во текот на утрешниот ден по барање на грузиската влада. Русија се повлече од Грузија, но постави контролни пунктови околу двете сепаратистички републики Абхазија и Јужна Осетија.