Вашингтон: САД сметаат дека барањата за признавање на Јужна Осетија се неприфатливи

Соединетите држави го сметаат за неприфатливо барањето на двата дома на Рускиот парламент за признавање на Јужна Осетија и Абхазија. Русија мора да го почитува територијалниот интегритет на Грузија, изјави портпаролот на Стејтдепартментот Робер Вуд. Двата дома на рускиот парламент вчера едногласно го усвоија барањето со кое претседателот Дмитриј Медведев се повикува да ја признае независноста на Абхазија и Јужна Осетија.