Исламабад: Асиф Али Задари кандидат за иден претседател на Пакистан

Асиф Али Задари кој е кандидат за иден претседател на Пакистан изјави дека неговата земја, но и светот ја губат војната против талибанците и терористите. Во интервју за Би Би Си вдовецот на убиената Беназир Буто страхува од натамошни последици од ширењето на ваквата, како што ја нарече, идеолошка војна. Задари се очекува на шестти идниот месец во парламентот да биде избран за наследник на поранешниот претседател Мушараф кој си поднесе оставка.