Пекинг: Денеска завршуваат Олимписките Игри

Денеска во Пекинг, завршуваат Олимписките Игри. Околу 90 илјади луѓе се очекува да бидат дел од завршната церемонија на стадионот ,,Птичје Гнездо“ каде олимпиското знаме ќе му биде предадено на Лондон, следниот домаќин на Олимиските игри во 2012-та година. Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог зборувајќи неколку часа пред затварањето на игрите рече дека не било ,,се совршено„ во Пекинг, но и честиташе на Кина за извонредната организација. Соединетите Држави побараа од кинеските власти веднаш да ги ослободат осумте американци, кои беа приведени поради протестите што ги оддржаа во Пекинг за време на Олимпијадата, против политиката на Кина кон Тибет.