Шринагар: Индиските власти воведоа полициски час во Кашмир поради протестите

Неколку илјади индиски безбедносни сили патролираат во индискиот дел на Кашмир, контролирајќи го почитувањето на полицискиот час, воведен по големите протести на претежно муслимансканската популација во овој регион. Населението се противи на индиската контрола врз регионот.