Спрингфилд: Барак Обама го избра сенаторот Џозеф Бајден за потпретседателски кандидат

Американскиот претседателски кандидат од Демократската партија Барак Обама синоќа и официјално соопшти дека го избрал сенаторот Џозеф Бајден за потпретседателски кандидат. Зборувајќи пред приврзаниците во Спрингфилд, Обама рече дека сенаторот Бајден е ,,човек со исклучителни вредности и пристојност.“ Демократската партија утре ќе одржи конвенција на која и формално Обама и Бајден ќе бидат номинирани за претседателски, односно пот-претседателски кандидати. Противникот од републиканската партија Џон Мекејн се очекува да го соопшти својот пот-претседателски кандидат на конвенцијата на оваа партија на први септември.