Кабул: 76 цивили убиени во воздушните напади на сојузничките сили

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека во воздушните напади на сојузничките сили во западниот дел на земјата денеска биле убиени седумдесет и шест цивили, повеќето жени и деца. Во соопштението се прецизира дека била отворена истрага за инцидентот. Претходно, сојузничките сили соопштија дека во акцијата биле убиени триесетина талибански бунтовници.