Скопје: Македонското собрание в среда ќе расправа за проблемите на бегалците од Егејска Македонија

Македонското собрание в среда за првпат по шеесет години ќе расправа за проблемите на политичките бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Ова денеска го изјави Ѓорѓи Доневски, претседател на Здружението на децата бегалци, по средбата со претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Тој очекува пратениците со акламација да донесат резолуција која ќе им помогне на овие лица, за една до две години, да ги остварат нивните права.