Мадрид: Продолжува истрагата за утврдување на причините за уривањето на шпанскиот авион

Во Мадрид продолжува истрагата за утврдување на причините за уривањето на шпанскиот авион, при што загинаа 153 лица. Само 19 луѓе ја преживеале несреќата. Авионот на Спен-ер требаше да замине за Лас Палмас, но се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Мадрид. Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро го осети местото на несреќата и изјави дека Владата ќе стори се за да им помогне на семејствата на настраданите.