Кабул: Околу 30 милитанти убиени во операцијата на сојузничките сили

Околу 30 милитанти биле убиени во операцијата на авганистанските и сојузничките сили во источен Авганистан, соопшти командата на НАТО во Кабул. Било пронајдено и поголемо количество тешко оружје и експлозив. Во одвоен инцидент, 3-ца припадници на НАТО загинале кога нивното возило налетало на мина во провинцијата Газни.