Москва: Доцна синоќа Русија предложи нацрт резолуција за Грузија

Русија доцна синоќа предложи нацрт резолуција во ООН за решавање на конфликтот во кафкаскиот регион. Оваа резолуција доаѓа еден ден откако рускиот амбасадор во ООн Витали Чуркин ја блокираше од западот поднесената драфт резолуција која бара итно повлекување на руските трупи од грузија. Рускиот текст содржи план во шест точки кој беше промовиран од франсускиот претседател Никола Саркози и кој минатата недела го потпишаа Русија и Грузија.