Кабул: 13 милитанти убиени откако нападнале американска воена база

Повеќе десетици талибански бунтовници, меѓу нив и бомбаши самоубици, нападнале една американска воена база во Авганистан, јавуваат агенциите, повикувајќи се на воени извори во Кабул. Во контранападот, како што се додава, биле убиени тринаесет милитанти. Оваа база и вчера била цел на напад, при што загинале десет цивили. Вооружени борби имало и меѓу талибанците и француските сили во НАТО на пеесет километри од Кабул.