Исламабад: Лидерите на владеачката коалиција на Пакистан разговараат за наследник на Мушараф

Лидерите на владејачката коалиција во Пакистан денеска во Исламабад расправаат за тоа кој ќе го смени Перверз Мушараф кој вчера, по девет години на власт, поднесе оставка на функцијата шеф на државата. Претседателот на Сенатот Мухамад Самру ќе ја води земјата се додека парламентот не избере нов шеф на државата.