Њујорк: ОН и невладини организации бараат 60 милиони долари за помош на цивилите во Грузија

Обединетите нации и невладините организации заеднички побараа шеесет милиони долари за да им помогнат на цивилите погодени од конфликтот во Грузија. Парите, како што е прецизирано, ќе бидат искористени за снабдување со храна, вода за пиење, лекови и други неопходни материјали во наредните шест месеци. Според податоците, повеќе од сто дваесет и осум илјади луѓе ги напуштиле нивните домови.