Москва: Грузија и Русија почнале размена на затвореници

Грузија и Русија денеска почнале размена на затвореници, потврдија воени извори на двете страни, од каде што се додава дека Грузија предала петмина руси, меѓу нив двајца пилоти, во замена за петнаесет грузијци. Во меѓувреме, и натаму постојат различни изјави во врска со повлекувањето на руските трупи. Во Москва е соопштено дека тоа започнало вчера, како што и било договорено, но ваквите наводи се демантирани од Тбилиси.