Вашингтон: Кондолиза Рајс деновиве во Полска да го потпише договорот за анти ракетниот штит

Американската државна секретарка Кондолиза Рајс деновиве треба да допатува во Полска за да го потпише договорот за поставување на антиракетен штит на територијата на Полска. Според најавите таа денеска ќе патува во Брисел за да присуствува на НАТО состанокот на кој главна тема ќе биде ситуацијата во Грузија, по што таа заминува за Варшава. Официјална Москва е против потпишување на ваков договор.