Атина: Песимизам во дипломатските кругови во Грција за напредок во преговорите пред септември

Дипломатски кругови во Атина, споерд грчките медиуми, изразуваат песимизам дека е можен прогрес при претстојните посети на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина. Никој не очекува напредок во преговорите пред септември, пишува Та неа. Атина, според Експрес, е незадоволна од фактот што медијаторот Метју Нимиц директно не ги одбил обидите на Скопје за проширување на дневниот ред на преговорите за името.