Москва: Лавров ја откажа посетата на Полска

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја откажа посетата на Полска неколку часа отако Варшава и Вашингтон потпишаа договор за поставување на американски ракетен штит во Полска. Лавров требаше да ја посети Полска во Септември а тензиите меѓу двете земји пораснаа откако Русија најави воен одговор доколку штитот биде поставен на полска почва.