Пекинг: Шести златен медал за пливачот Мајкл Фелпс на ОИ во Пекинг

Американскиот пливач Мајкл Фелпс го освои и шестиот златен медал на Олимписките игри во Пекинг, победувајќи на 200 метри мешано со нов светски рекорд. Со ова тој го подобри и рекордот во најмногу освоени златни трофеи во олимписката историја, сега има вкупно 12.