Москва: Русија го почитува суверенитетот на Грузија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема намера да анектира некој дел од Грузија и оти го почитува сувернитетот на таа земја. Лавров додаде дека во наредниве денови Русија ќе продолжи да презема дипломатски чекори за консолидање на примирјето постигнато вчера со посредство на Европската унија. Тој наведе дека руските мировници остануваат во Јужна Осетија. Шефот на грузискиот совет за национална безбедност Александар Ломаија изјави дека и покрај прекинот на огнот, околу пеесет руски тенкови влегле во грузискиот град Гори. Тој и со наводи дека во близина на Јужна Осетија, со помош на руските војници, се спроведувал масакр врз грузијците. Ваквите обвинувања не се потврдени од независни фактори.