Тбилиси: Грузија го прифати планот на ЕУ за крај на непријателствата со Русија

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили доцна синоќа го прифати мировниот план на ЕУ за крај на непријателствата со Русија. Тој по средбата со неговиот француски колега Никола Саркози изјави дека станува збор за принципиелен договор. Овој документ претходно беше прифатен и од рускиот претседател Дмитриј Медведев.