Москва: Претседавачот на ОБСЕ изрази надеж дека Русија ќе го прифати мировниот план

Претседавачот на ОБСЕ, финскиот министер за надворешни работи Александар Стуб изрази умерен оптимизам дека Русија ќе го прифати мировниот план за Јужна Осетија, предложен од Европската Унија и од ОБСЕ. Тој, во изминатите два дена разговараше со руските лидери во Москва. На преговори во Москва денеска е и францускиот претседател Николас Саркози.