Багдад: Јорданскиот крал Абдула го посети Ирак за прв пат по падот на режимот на Хусеин

За прв пат по падот на режимот на Садам Хусеин, во 2003 година, јорданскиот крал Абдула го посети Ирак. Агенциите јавуваат дека кралот Абдула и ирачкиот премиер Нури Ал Малики разговарале за подобрување на безбедносната ситуација во Ирак и напорите на таа земја да закрепне по петгодишната војна.