Москва: Шефот на француската дипломатија Кушнер во посета на Русија

Шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер денеска е во официјална посета на Москва. Се очекува Франција како земја претседавач со Европската Унија да влијае врз Грузија и Русија да потпишат договор за прекинување на огнот. Во Москва Кушнер доаѓа по Грузија каде што ги посети жртвите од конфликтот меѓу Грузија и Русија. Кушнер остварил средба и со бегалците од Јужна Осетија кои во моментот се наоѓаат во Владикавказ во југозападна Русија.