Њујорк: Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН без заеднички став за Гузија

Советот за безбедност на ОН, доцна синоќа зад затворени врати одржа вонредна седница на која се не бил постигнат заеднички став околу вооружениот конфликт меѓу Грузија и Русија за јужна Осетија. Русија одбила да гласа за резолуција која повикува на прекин на огнот. Вонредната седница била на барање на грузиската делегација, откако Грузија побара меѓународна помош поради навлегување на руските трупи и од страната на Абхазија. Во меѓувреме грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека руските сили го завзеле градот Гори и се распоредиле на централниот автопат кој ги поврзува источна и западна Грузија.