Скопје: Одбележување на седум годишнината од загинувањето на осумте резервисти на АРМ кај Љуботен

На споменикот на паднатите бранители во село Љубанци денеска се одбележува седумгодишнината од загинувањето на осумте припадници на АРМ кај Љуботенски бачила за време на конфликтот во 2001 година. Освен семејствата, почит на загинатите бранители ќе им оддат и делегации на Владата, Министерството за одбрана и на македонската армија. На 10-ти август 2001 година воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.