Цхинвали:Стотици загинати во борбите меѓу руската армија и грузиските сили

Стотици луѓе загинаа во жестоките борби меѓу грузиската и руската армија за главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали. Повеќе од 30.000 луѓе го напуштија градот кој во изминатите два дена првин го зазедоа грузиските сили, а потоа руската армија, која испрати 150 тенкови за да им помогне на проруски ориентираните сили на Јужна Осетија. Руската армија тврди дека во моментот го контролира градот.