Техеран: Заменик директорот на агенцијата за атомска енергија во Иран

Иранската државна телевизија објави дека заменик дирекорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Оли Хеинонен пристигнал денеска во Техеран на дводневни разговори за иранската нуклеарна програма. Соединетите држави и Британија вчера соопштија дека петте постојани членки на Советот за безбедност се согласиле да разговараат за натамошните санкции против Иран, но Русија тоа го демантира.