Ерусалим: Израелскиот премиер Олмерт се обврза да ослободи 150 Палестинци по средбата со Абас

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт се обврза да ослободи повеќе од 150 палестински затвореници, посредбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас.Израелската влада соопшти дека затворениците ќе бидат ослободени во текот на месецов како знак на градење на доверба и добра волја. Двете страни се согласија дека ќе најдат начин за олеснување на мировните преговори.