Москва: Русија повика на смирување на напнатоста во Јужна Осетија

Руското министерство за надворешни работи повика на смирување на напнатоста во грузиско-јужноосетискиот конфликт. Ситуацијата во Јужна Осетија не е едноставна и бара мерки за намалување на конфликтите, соопшти министерството. Меѓудругото се наведува дека Москва одржува контакти и со грузиската страна и дека Русија е отворен и конструктивен посредник кој се обидува да ја намали тензијата меѓу двете страни.