Атина: Грција не прифаќа други разговори освен за името

Атина, освен за името, не прифаќа да разговара со Скопје за други прашања, пишуваат денеска грчките весници, коментирајки ја наредната рунда македонско – грчки преговори во Њујорк, што ја закажа посредникот Метју Нимиц. Како што се додава, Грција не очекува напредок во преговорите во блиска иднина.