Скопје: Почетокот со работа на петтиот државен факултет одложено за една година

Министерството за образование и наука соопшти дека почетокот на работата на петтиот државен Универзитет за информатички технологии се одложува за една година и оти нема да се запишуваат студенти за оваа академска година. Министерството информира дека е потребен период за да се спроведат искуствата од светски реномираните високообразовни институции и да се подготви наставна програма која ќе овозможи стекнување светски конкурентни дипломи за студентите. Министерството за образование и наука во моментов ги разгледува забелешките и предлозите за подобрување на структурата на новиот универзитет. Овие сугестии беа предложени од страна на реномирани професори од универзитетите од Соединетите Американски Држави и од Европа, кои изминатата недела беа во посета на Република Македонија, се вели во соопштението.