Бишкек: Киргистанските власти затекнале американски војници и службеници

Министерството за внатрешни работи на Киргистан соопшти дека во истрага врз куќа во Бишкек се затекнати Американци од Амбасадата и 10 војници кои дошле од Соединетите Држави за да ги тренираат киргистанските тајни служби. Исто така било пронајдено и оружје. Американската амбасада соопшти дека оружјето било внесено легално со знаење на владата со намера да се користи за помош во тренингот на киргистанските тајни служби.