Багдад: Пет лица убиени во низа бомбашки напади низ Ирак

Петмина се убиени а најмалку 28 се повредени во низата напади во Ирак, вклучувајќи и двајца американски војници кои загинаа во бомбашки напад во Багдад. Како што соопштија од американската армија,војниците биле убиени, кога бомба експлодирала во близина на нивната патрола во централен Багдад.