Техеран: Иран нема да отстапи од нуклеарната програма, изјави Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека Иран нема да отстапи пред притисокот од светските сили за нуклеарната програма на земјата. Инаку, во Техеран, Ахмадинеџад се сретна со претседателот на Сирија Башар Ал Асад при што изјави дека Иран ги поздравува разговорите со Западот, но земјата ќе остане посветена на своето право на нуклеарна програма. Викендов истече рокот што западните земји му го поставија на Иран, да одговори на понудените пакет мерки, а во замена земјата да го суспендира збогатувањето ураниум.